Општина Чашка, со цел унапредување на социјалната заштита и подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост, објавува јавен повик за искажување интерес за избор на здружение кое ќе врши социјални услуги во Центарот за лица со попреченост „Среќа“ – Општина Чашка.

Цел на повикот:

Да се обезбеди професионално и одговорно управување со Центарот за лица со попреченост „Среќа“, преку соработка со здруженија кои имаат искуство и стручни капацитети за спроведување социјални услуги, согласно законската регулатива во областа на социјалната заштита.

Услови:

Поддршката што Општина Чашка ја нуди при користењето на просториите е ослободување од плаќање надоместок (закупнина) за користење на просторот.

Градоначалникот на Општина Чашка ќе склучи Договор со избраниот давател на социјални услуги, со кој ќе ги отстапи на користење просториите и опремата на Центарот „Среќа“, заради обезбедување и реализирање на социјални услуги за лица со попреченост- без надоместок, а додека тековните и оперативни тошоци (струја вода, греење, хигиена, одржување, персонал и останати трошоци поврзани со неговото работење) ќе бидат на товар на давателот на услугата.

Здружението треба да обезбеди стручни лица и соодветен кадар за реализација на услугите.

Право на учество имаат:

Општината преку претставници од општината, претставници од комисијата и претставници од корисниците, може да изврши увид на состојбата во објектот произлезена од тековното одржување. По ова претставниците на увидот можат да достават до Градоначалникот предлог за престанок на правото на користење на просторот на корисникот пред истекот на договорот.

Јавниот повик со сите услови и потребната документација за аплицирање, се објавува на веб страната на Општина Чашка www.caska.gov.mk.

Заинтересираните баратели за користење на простории пријавата за аплицирање може да ја преземат од веб страната на Општина Чашка.

Јавниот повик се објавува на ден 11.07.2025 година и трае 10 (десет) денови, односно заклучно со 20.07.2025 година.

Потребна документација:

  1. Пријава за учество (барање).
  2. Краток опис на здружението и досегашно искуство.
  3. Предлог-програма за работа на Центарот.
  4. Финансиски план со начини на обезбедување средства за покривање на тековните,
    трошоци.
  5. Доказ за регистрирана дејност (тековна состојба/извод од Централен регистар).
  6. Препораки или докази за претходна слична работа (доколку има).

Времетраење и услови на договорот:

Договорот со избраното здружение ќе биде склучен на временски период од 5 (пет) години, со можност за еднострано раскинување од страна на Општина Чашка во секое време, доколку се утврди непочитување на обврските или недоволна ангажираност во вршењето на социјалната услуга.

Рок и начин на поднесување на приавата:

Сите заинтересирани здруженија поднесуваат Пријава за интерес до Архивата во Општина Чашка, во затворен плик со назнака: „За Јавниот повик за искажување интерес од страна на здруженија за вршење социјални услуги во Центар за лица со попреченост на територија на Општина Чашка“.

Ненавремена и нецелосна документација нема да биде предмет на разгледување.

ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски, с.р.